Стереотипите и предрасудите пречка за комуникација и општествен развој

27.04.2010 | економски, комуникација, политички, полови, религиски, супкултурни

Во општествените науки поимот стереотип се користи за да се дефинира шематски , упростен и тешко променлив однос кон некого или нешто. Изразот се јавува со појавувањето и развојот на расните , верските и социјалните нетрпеливости. Во основа на стереотипите се наоѓа погрешна и неоправдано широка генерализација. Со оглед на тоа, секој групен стереотип кој содржи изразено негативно емоционално оценување на определени етнички , расни , верски или социјални групи се смета за предрасуда.
Стереотипите најчесто се засноваат на претпоставки дека припадниците на другата група имаат одредени особини, по кои се разликуваат и кои се својствени единствено за одредената група. Во суштина, тоа се генерализации кои се засноваат на минимално познавање на групата , за која се зборува. Стереотипите може да се основаат на специфична особина на одредена група луѓе или поединец. Како нивна последица, се јавува погрешна слика за поединецот или групата. Можат да ја претстават личноста доста површно, врз основа на полот , националноста, сексуалната ориентација, некоја мана , или телесен недостаток. Генерализацијата , претерувањето , расизмот, хомофобијата и другите форми на дискриминација се причина за создавање на стереотипите.
Стереотипите како негативни предрасуди спрема одредена група во едно општество се голема бариера за развојот на истото. Не значи дека половата, расната, националната, етничката или верската припадност го дефинираат човекот.

тагови:

Comments (1)

 

  1. .... напиша:

    Една мала корекција …
    треба да се дистанцираат следните работи :

    Предрасуда е став (според некои автори внатрешен суд) заоснован врз нефлексибилна генерализација …истото се чуствува и се изразува …и доколку се изразува ( се манифестира со навреди, клевети и сл) во секојдневното општење т.е. комуникација тогасш станува стереотип ….

    Поздрав ! 🙂

Leave a Reply

Блогови

© 2010. All Rights Reserved.