20 Револуционерни мажи

16.05.2013 | политички, полови

Автор: Илина Мангова

Постот оригинално е објавен на 4 април 2013 година на веб страната Future challenges. Линк до оринално објавениот блог http://futurechallenges.org/local/20-revolutionary-men/

Погледајте телевизиски вести од бизнис форум во Македонија, од екомонска или трговска комора, седница на Влада, политички состанок на високо ниво или конвенција на градоначалници* – што гледате? Ќе видите дека скоро да нема ниедна жена таму!

Потоа следете некоја дискусија за правата на жените. На што се фокусира? На жени.

Токму овде грешиме.

Знаеме зошто има само мал број на жени на овие ТВ слики. Бидејќи жените сеуште не можат да имаат сѐ. Ан-Мари Слотер ги ослободи сите жени кога го кажа ова јавно. Има неколку причини зошто е ова вака. Дозволете ми да разгледам една од нив.

Една причина е – бидејќи мажите никогаш немале сѐ!

Повеќето мажи успеале професионално,  давајќи го нивниот економски и политички придонес насекаде низ светот бидејќи не биле дома да го даваат нивниот домашен придонес за нивните семејства. Не биле дома да се грижат за нивните деца, да ги хранат и да ги бањаат бебињата и да им помагаат на децата со нивните домашни задачи. Овде не говорам за целокупиот машки род генерално или во Македонија. Се фокусирам на успешните мажи, на политичката и бизнис елита. Сите овие мажи имаат синови и ќерки кои ги гледаат најмногу по еден час на ден. Ова се мажите кои имаат моќ, мажите кои ги креираат политиките, мажите кои можат да прават и кои прават промени.

Одете на вечера во некој од најексклузивните ресторани во Скопје, ќе видите дека е полн само со мажи. Мажите склучуваат договори за време на деловни вечери кои одат на сметка на фирмата. Тие имаат семејства и деца, но ако работат 24/7 . . . да бидеме искрени, колку често ги гледаат своите деца? Во исто време дали сопругата може да даде значаен придонес за политиката и бизнисот како и нејзиниот сопруг? Кој ќе се грижи за децата ако и таа склучува договори на деловни вечери во исто време со нејзиниот сопруг? Обидете се да влезете во политика и ќе се најдете на политички состаноци во партиските штаботи кои се одржуваат  после работно време и доцна во вечерта. Кој ќе го храни бебето и кој ќе се грижи за детенцето дома?

Ова значи дека додека 21 владин министер, 81 пратеник и стотици бизнисмени (зборувам за оние кои имаат деца) имаат вечери и состаноци или се негде на службени патувања, за нивните деца се грижат и ги одгледуваат нивните сопруги.

Мене ми изгледа многу логично. Овие мажи никогаш немале сѐ!

Затоа овој пат наместо да се фокусираме како да го зголемиме учеството на жените и наместо да анализираме што добиваме од зголемената улога на жените во општеството, предлагам да се фокусираме како да го зголемиме учеството на мажите во семејниот живот.

Има еден многу лесен прв чекор.

Македонскиот закон за работни односи на мајката и дозволува 9 месечно породилно отсуство. Еден месец и половина се задолжително за мајката, додека остатокот таа може да одлучи дали да го користи или не, или може да го користи таткото. Оваа опција е законска можност на сите татковци во Македонија откога Законот за работни односи беше усвоен во јули 2005 година. Сепак, во 2012 година само 20 мажи ја земале во предвид оваа опција.

Само 20 татковци на околу 22,000 бебиња кои се родиле претходната година во Македонија веруваат дека треба да земат слободно време од работа за да бидат со нивното новородено дете и да им овозможат на нивните сопруги да се вратат на работа порано од вообичаено. Овие мажи ги сметам за револуционери. Мажи кои не потклекнуваат на патријархалните општествени верувања, мажи кои се пред нивното време, мажи кои ја предвествуваат новата ера.

И потоа се прашувам, како немаме некои вакви мажи револуционери на повисоки општествени нивоа и на значајни јавни функции. Како никогаш не сме виделе вакви мажи во јавниот живот? Зарем никој од нашите политичари или бизнисмени не е револуционер или политиката и профитот се поважни од семејниот живот?

Поставувам предизвик. Предизвик до сите мажи во политиката и бизнисот.

Male Political Decision Makers

Male Political Decision Makers

Почитуван министер, пратеник, директор, генерлен директор, обиди се да имаш сѐ! Доколку на тебе и твојата сопруга, или партнерка ви се роди бебе додека си на функција, земи татковско отсуство, помини време со твоето бебе и овозможи и на твојата жена да се врати на работа порано од вообичаено. Како граѓанин и гласач, јас нема да го критикувам твоето отсуство од јавна функција поради твоето дете. Напротив, ќе те сметам за револуционер.

Почитуван одлучувач во политиката, биди револуционер! Доколку на тебе и твојата сопруга, или партнерка ви се роди бебе додека си на функција, земи татковско отсуство! (Фотографијата е составена од авторот од фотографии на функционерите кои се објавени на нивните вебстрани. Земајќи в предвид дека претставените функционери се носители на јавна функција платена од јавни пари авторот заклучува дека овие фотографии се јавна сопственост. Поради политички баланс на фотографијата се прикажни мажи владини министри и пратеници од опозициските партии)

* Од 2009 до 2013 година помеѓу 85те избрани градоначалници немаше ниедна жена. На локалните избори во март оваа година во првиот круг беа избрани две жени.

** Прецизни бројки за тоа колку точно од татковците на 22, 000 бебиња се вработени, не се достапни, така што ова е група проценка.

тагови: , , , , ,

Leave a Reply

Блогови

© 2010. All Rights Reserved.